Седум часовна заложничка драма во Сиднеј

0
815

Едно лице загина, а двајца се повредени во престрелка за време на 7-часовната заложничка драма во фабрика во предградието на Сиднеј. Полицијата потврди дека напаѓачот се самоубил, а тројцата заложници се ослободени.

Инцидентот се случил утрово, кога човек вооружен со автоматско оружје, за кое се верува дека е AK74, почнал да пука и грабнал заложници во една локална фабрика.