Седум лица од Сопиште се затруле од печурки

0
426

Седум лица од скопското село Сопиште на возраст од 14 до 67 години се затруле со печурки што самите ги набрале. Петмина од затруените денеска биле донесени во Клиниката за токсикологија.

Лекарите на клиниката попладнево очекувале уште две лица, кои пријавиле дека им е потребна медицинска помош поради труење со печурки. Луѓето синоќа ги јаделе печурките што самите ги набарале, а првите симптоми на труење ги почувствувале по пет часа, јави Телма.

„Главниот проблем кај печурките е што најчесто труења има кај тие што мислат дека добро ги познаваат. Голем дел од отровните печурки имаат своја паралела, односно печурки кои се неотровни. Таков е случајот и со ова труење. Ние успеавме да дознаме за кој вид на печурка се работи“, велат од Клиниката за токсикологија.

Оттаму апелираат граѓаните да внимаваат и да консумираат само печурки купени од соодветни места.