Седум повредени во сообраќајка кај Црн мост

0
1171

Вечерва седум лица се повредени во сообраќајната незгода што се случи на кружниот тек кај Црн мост во Битола. Повредените со возила на итната медицинска помош се пренесени на клиниката во Битола каде им е укажана лекарска помош и според информациите од битолската полиција никој од нив не е во животна опасност.

12033419_10207353074642062_530726919_n

Од полицијата велат дека незгодата се случила околу 20 часот, кога и биле информирани од итната медицинска помош.

12048458_10207353074242052_1390935810_n

Други информации за незгодата нема, заради увидот кој се уште траел.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY