Седум турски полицајци убиени во експлозија на автомобил бомба

0
319

Во нападот со автомобил бомба во четвртокот во пресрет на посетата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу на мнозинскиот курдски град Дијарбекир убиени се најмалку седум полицајци, а ранети се 27 луѓе од кои 13 се полицајци, пренесува електронското издание на дневниот весник Hurriyet.

Нападот бил извршен во близина на градската автобуска станица неколку километри од центарот на Дијарбекир , а цел бил полициски автобус, според турски безбедносни извори. Голем број амбулантни возила биле упатени кон местото на експлозијата, а повредените се превезуваат во градската воена болница.

Според првичните сомневања, зад овој напад стои забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) .

Нападот се случи дента кога во градот Дијарбекир престојувале тројца министри, пред утрешната, една од многу ретките, посета на премиерот Ахмет Давутоглу кој треба да ја посети истоимената југоисточна покраина и областа Сур, каде што со месеци наназад турските безбедносни сили изведуваат операции против курдските герилци. /крај/мф/сн