Седум загинати во поплавите во Италија

0
275

Бројот на жртвите во поплавите предизвикани од невремето во пристанишниот град Ливорно во Тоскана, Италија, се искачи на седум, откако денеска е пронајдено телото на 34-годишна жена која што се водела како исчезната.

Телото било пронајдено во градина затрупано со талог во Ливорно.

Загинатата жена со сопругот проверувале колкава штета нанела поплавата што во неделата ја погоди оваа област, но ги повлекла струјата. Нејзиниот сопруг во неделата бил пронајден жив, се спасил бидејќи грчевито се држел за стебло од дрво додека кога го повлекла струјата.

Засега како исчезнат се води бездомник од Ливорно.

Четири од седумте жртви на поплавите се членови на едно семејство. Водата навлегла во подрумот на нивниот дом каде што се засолниле од невремето.

Во Ливорно во неделата по четирити часа дожд на улиците имаше 40 сантиметри вода. Улиците беа претворени во реки кои носеа автомобили.