Седум загинати во трките со бикови низ шпанските градови

0
1348
Седум лица загинаа од почетокот на јули во Шпанија, прободени со роговите од разгневените бикови, во трките низ улиците по шпанските градови.

Овие трагични инциденти се случиле во текот на одржувањето на популарните, но мошне опасни игри во кои биковите ги прогонуваат луѓето кои бегаат пред нив, што традицинално се одржуваат во рамките на летните фестивали во низа градови низ Шпанија.

Според шпанските медиуми, само во изминатиот викенд, во ваквите трки низ градските улици, настрадаа четири лица, што претставуваа невообичаено голем број жртви во перод од само четириесетина денови.

Најнови жртви се еден 36-годишен општински советник од гратчето Пенефил, кај Ваљадолид и 18-годишно момче кое во едно место близу до Навара, почина на самото место, откако беше прободено во стомакот со роговите на разлутениот бик.

Вакви инцициденти, ова лето се регистрирани, во регионите на Валенсија, Мурсија, Толедо, Кастелон и Аликанте.