Седуммина загинати во хеликоптерска несреќа на Нов Зеланд

0
830
Седум луѓе денеска загинаа при уривање на хеликоптер на Нов Зеланд.
Несреќата се случила за време на разгледувањето од воздух на една од популарните туристички дестинации на Нов Зеланд, глечерот Фокс.
Спасувачките екипи ги лоцирале остатоците од хеликоптерот и констатирале дека нема знаци на живот. Поради лошото време и непристапност на теренот телата се очекува да бидат извлечени во текот на утрешниот ден.
Полицијата соопшти дека меѓу починатите се пилотот, четворица британски и двајца австралиски државјани.