Сегал и Брена ги „запалија“ Белграѓани

0
546

Жителите на Белград и туристите, кои во српската престолнина оваа година ги има во голем број, ја дочекале Новата година во рестораните и клубовите, а најмногу луѓе се собрале на плоштадот Никола Пашиќ, пред Домот на Народното собрание.

Со огномет, трубачи и добра музика, граѓаните во добро расположение влегле во 2016 година.

Дочекот почнал по 20 часот со концертот на „Тропико бенд“, а атмосферата на температурата под нула, ја загреал Стивен Сигал, а во Новата година Белграѓани влегле со Лепа Брена.

Познатиот американски актер и музичар го извел добро познатиот репертоар.

Познатата пејачка Лепа Брена излегла пред 25.000 луѓе и запеала „Влези слободно“, а потоа се нижеле хитови од понова дата, но и оние од осумдесеттите години.

Сегал неколку пати го посети Белград во изминативе неколку месеци и за време на посетата во ноември најави дека планира да отвори академија за аикидо. Сегал, кој има црн појас од седми дан во аикидо, играше во акциони филмови како “Над законот”, “Тешка мета” и “Под опсада”.

Од Белград, Неда Маретиќ