Сеќавање на Евреите од Битола

0
602

1505376_206311669561536_396832831_nПред 72 години битолското мултиетично стебло изгуби една значајна гранка. Над 3.000 евреи беа депортирани. Годините минуваат, но спомените се сѐ посилни посебно кај живите сведоци од ноќта на ужасот…Во злокобната ноќ на 10-ти наспроти 11-ти март беа депортирани над 3.000 битолски евреи. Грозоморен чин што на богатото историско минато на овој град му дава едни поинакви димензи кои се дел од една голема човечка трагедија.Ништо поразличен не е случајот на Шели родена во Скопје а израсната во Битола од баба и дедо, родителите ги изгубила во земјотресот во Скопје, а бабата и дедото во Треблинка.

1010781_206313339561369_391624317_nСум живеела овде сум била овде дедоми долги години беше шеф на битолската болница, но јас сум последна од семејството Леви од страна на татко ми.

seli 22

Неправдата извршена врз нејзиниот народ не се заборава иако била родена по холокаустот.

akademik-127

Шели вели ретко каде имало таков добар соживот меѓу евреи и неевреи како во Битола.

Тешко и паѓа моментот што остануваат малкумина кои ја раскажуваат приказната за Евреите од Битола и Македонија.

evreideportacija344Шели жали што останале малку евреи кои може да ја раскажуваат приказната.

Над седум илјади Евреи од Македонија и 11 илјади од Егејска Македонија и Тракија во германскиот концентрационен логор биле депортирани, а потоа задушени во гасните комори.Се смета дека од земјава се спасиле само околу 400 Евреи.