Сеќавање на мојата тетка- светица

0
610

Алојз Гомбар е еден од последните преживеани роднини на Мајка Тереза кој се уште живее во Скопје. В недела во Рим, на покана на Папата, ќе присуствува на прогласувањето на неговата тетка за светица.

„Многупати сум бил во Рим, но не сум имал можност за средба со папата иако сум го посакувал тоа. Во март годинава во Скопје дојде државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин. Тогаш од Владата ме повикаа да присуствувам на вечерата во негова чест. Кардиналот во разговорот изрази желба како роднина на Мајка Тереза да присуствувам на канонизацијата. И еве влегов во протоколот за тој голем настан. Од една страна чувствувам огромна чест и одговорност, а од друга страна се чувствувам толку ситен и беззначаен во однос на големите дела што ги направи мојата тетка“, вели Алојз.

„Беше скромна и едноставна во секој поглед. Се сеќавам дека јадеше само еднаш дневно. Велеше – не ми треба ништо, освен да знам дека сиромашните во светот денес имале што да јадат. Лекцијата што ни ја даваше беше едноставна и благородна: Богат си толку, колку што ќе им помагаш на сиромашните. Освен љубовата, помошта и споделувањето со другите, ништо друго не е вредно!“, се потсетува тој на нејзините зборови, пишува Дојче Веле.