Секогаш е вмешана некоја жена

0
478

Киднаперот на египетскиот патнички авион што полета од Александрија за Каиро, но слета во Ларнака, на Кипар, е именуван како Сеиф ел дин Мустафа, соопшти портпаролот на египетскиот претседател.

Според „Си-Ен-Ен“, станува збор за египетски државјанин, кој киднапирањето на авионот „ербас А320“ го извршил само за да ја види својата поранешна сопруга, Кипранка, која сега живее во Кипар.

Кипарскиот претседател Никос Анастиадис изјави дека не станува збор за терористички инцидент, туку за „приватна работа“ на еден маж и неговата сопруга.

На прашањето од новинарите, дали станува збор за „романтичен случај“ Анастасиадис изјави „секогаш е вмешана некоја жена“.