Секогаш се кине таму каде што е најслабо

0
2202

На прашањето како политичката криза ќе влијае врз економијата во Македонија, економскиот аналитичар Зоран Витанов со одговор

-Има една народна изрека која што вели: „Секогаш се кине, таму каде што е најслабо“. Најмногу ќе осетат малите и средни претпријатија, многу од нив ќе се затворат во таква состојба и треба да бидеме свесни за тоа. Толку се одолжи таа политичка криза што мислам дека ептен економијата трпи, особено се откажуваат арнажмани на производни капацитети во Македонија. Луѓето, странските партнери не сакаат да ризикуваат бидејќи во моментов кога ќе се каже Македонија се мисли на негативен имиџ, меѓутоа исто така мора да потенцирам дека Владата не прави некој посебни мерки превентивни за сето тоа да го спречи. Владата повеќе ја интересира правно да си ги регулира проблемите со кои што тие, дел од нив, поединци, влегле, да не кажам во сомнителни потенцијални, криминални влијанија, отколку што во моментот има некој кој што реално се грижи за стопанството. Макроекономската политика на Владата во моментов е сведена на тоа да си ги репрограмира долговите и да тече тековната привидна инвестиција, за популизам, за кога ќе дојдат избори да покажат дека еве нешто правеле. Стопанството е комплетно занемарено како 13-то прасе, изјави изјави Зоран Витанов, економски аналитичар