Секој петок ќе биде неработен во Венецуела

0
423

Венецуела го прогласи петок за неработен ден, односно за време на април и мај работната недела ќе завршува во четврток. Причина за оваа мерка, верувале или не е штедењето! Претседателот на Венецуела Николас Мадуро на државната телевизија најави дека жителите ќе имаат продолжен викенд, а оваа мерка ќе се спроведува во наредните 60 дена. Така работниците во Венецуела за време на април и мај ќе работат до четврток, а целата оваа мерка ќе биде спроведена со надеж да се заштеди на електрична енергија која и недостасува на целата земја.

Жителите не го кријат изненадувањето од оваа мерка на социјалните мрежи, а на многу од нив не им е јасно како оваа мерка ќе се однесува на училиштата, бирократијата и трговијата. Хотелите и трговските центри ќе мораат да се снабдуваат со струја од генераторите, а до жителите се апелира да ги подржат мерките за штедење на струјата. Долготрајната суша доведе до тоа нивото на вода се доведе близу до критичното ниво во повеќе хидроцентрали.

Без коментари

LEAVE A REPLY