Секретарот на општина Битола оди во куќен притвор

0
1297

Секретарот на општина Битола  го напушта притворското одделение во Шутка и заминува во куќен притвор. Одлуката  денеска ја донесе денеска Кривичниот совет, откако неговиот адвокат поднесе жалба на решението на судија на претходна постапка.

Како осомничен во случајот Транспортер, кој го објави Специјалното обвинителство помина три дена во притвор. Неговиот адвокат вели дека барањето за притвор на СЈО било неосновано, а тој се жалел дека одлуката му го нарушила угледот.