Селективно повлекување на аболициите

0
679

Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на 102. седница, со 63 гласа „за“, без воздржани и против го донесе Законот за дополнување на Законот за помилување, со кој на претседателот на државата му се дава можност да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој Закон при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката. Во расправата не учествуваа пратениците од СДСМ и ДПА.

Со дополнувањето на овој Закон лицето за кое е донесена одлука за помилување ќе има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување, а претседателот е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето да ја поништи донесената одлука.