Селфи со неподвижни пациенти

0
1262

Две медицински сестри се сликаа насмеани во соба полна со пациенти на невролошкото одделение во сомборската болница. Фотографијата ја објавиле на „Фејсбук“.

За една од медицинските работнички тоа било последен работен ден, пред да се иссели од државата.

Жена, чија баба е на фотографијата, вели дека вака се руши достоинството на пациентите.

– Неодамна мојата баба беше во таа болница. Погледнете што се случи. Ова е етички неисправно. Голем скандал – вели девојката за српските медиуми.

Фотографијата е отстранета од „Фејсбук“, а следуваат санкции за сестрата која ја направила.