Селин Дион ја надмина депресијата, позираше сосема гола

0
608

Минатата година беше многу тешка за Селин Дион. Прво во јануари 2016 година го загуби сопругот Рене, кој почина од рак на грлото, а само два дена подоцна почина и нејзиниот брат кој долго време се бореше со карциномот. Подоцна таа доживеа и нервен слом, но во последно време се чини дека сето тоа е зад неа.

После подолго време таа почна повторно да настапува, а многумина забележаа и дека изгледа поубаво.

На Инстаграм страницата на магазинот „Вог“ се појави фотографија на Селин Дион, која е гола и интимните делови ги покрива само со рацете.

Канадската пејачка (49) неодамна тргна на европска турнеја во чии рамки веќе настапи во Париз, а до крајот на месецот се очекуваат и два нејзини концерти во Лондон, но и во други делови на Велика Британија.

Освен тоа, таа е активна и на социјалните мрежи, па од нејзините објави може да се заклучи дека тешкиот период конечно е зад неа.

Без коментари