Сем Вакнин за мигрантската криза

0
454

Секојдневно низ Македонија минуваат голем број на мигранти.Деновиви скоро секој се ззанимава со тоа кој колку ќарил од нивната мака. Такститите како што објави порталот МКД велат дека го искористиле моментот на бегалската криза и си правеле бизнис.Едно такси возило од Гевгелија до Табановце чинело 100 евра .Па еден такстист ако во денот направи на пример 3 тури, заработува дневница од 300 евра. Тоа значи дека за еден месец тој може да заработи од 6 до 9 илјади евра.На железничките станици има реки од мигранти, од кои само дел успеваат да се качат во возот. Останатите бараат друга алтернатива.

gevgelijamigranti

Овој момент го користат и автобуските компании. Во некои денови од Гевгелија тргнуваат и по 100 автобуси, а борбата за седиште плус е секојдневна. Еден билет до Табановце мигрантите го плаќаат по 20 евра. Тоа значи дека еден авттобус од една тура заработува по 1000 евра.А деновиве и македонски железници со повисока цена на чинење на билетот за мигрантите, 25 евра. Сума сумарум според кажаното, испаѓа на сите полн џебот. Иако на почетокот од бегалската криза кај повеќето од нас владееше паника и хаос , сега некако кога ни е полн џебот си легнавме на брашното. Но тука има и едно отворено прашање. Што ни кажуваат економските податоци кога се работи за миграција, а особено ваквиот начин на миграција? Дали тоа е позитивно или негативно за земјава ? Економскиот експерт Сем Какнин вели дека како и секое друго прашање во економијата, одговорот е, зависи.

Migrants clamber onto a train at Gevgelija train station in Macedonia, close to the border with Greece July 30, 2015. Tens of thousands of migrants, mainly from the Middle East and Africa, use the Balkans route to get into the European Union, passing from Greece to Macedonia and Serbia and then to western Europe. After walking across the border into Macedonia to the small local station of Gevgelia, migrants pile onto an overcrowded four-carriage train in sweltering heat, young infants among them, to travel about 200 km north. Their aim: to enter Serbia on foot, another step in their uncertain search for a better life. REUTERS/Ognen Teofilovski TPX IMAGES OF THE DAYPICTURE 16 OF 33 FOR WIDER IMAGE STORY "MIGRANTS: A TRAIN TOWARDS A NEW LIFE"SEARCH "TEOFILOVSKI TRAIN" FOR ALL PICTURES


За богатите развиени земји,вели дека миграцијата има само позитивни ефекти, па дури и нелегалната миграција. Но кога зборуваме за сиромашните земји во развој како Македонија, ефектите на краток план биле доста негативни .

На краток рок цел тој бран на бегалци претставува тешкотија на целата таа структура на бирократија во Македонија и секако на физичката структура“, изјави Сем Вакнин еконосмки експерт

На долгорочен план пак, биле високопозитивни и здрави за економијата.

Позитивниот ефект од бегалската криза е тоа што секој од тие бегалци троши од 300 до 500 евранво тие денови низ кои транзитираат низ земјатби кога ќе се направи една груба калкулација значи дека во Македонија се потрошиле околу 10 до 15 милиони евра, и на долг рок доколку држава е мудра, и понуди на онај дел на бегалци кои што се високо едуцирани, кои што поседуваат финансиски средства кои што се вмрежени и кои што правеле нешто во своите домови, мислам дека на долг рок можат да оперираат низ Македонија“, додаде Вакнин

Од кажаното се поставува прашањето, што треба Македонија да направи? Она што засега е јасно, е дека мигрантите не сакаат да останат на територијата на Македонија и тие не сакаат да живеат овде. Нивна крајна дестинација се западно европските земји.