Семакедонска илинденска средба во Трново

0
241

Семакедонска илинденска средба во Трново се одржува во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Настанот е во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

На денешната семакедонска илинденска средба во Трново се обратија и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, градоначалникот на Битола д-р Владимир Талески и претставници на организаторите во чие име претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров ја прочита Семакедонска илинденска декларација за Македонија.