Семакедонска средба во Трново

0
2376

Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски конгрес, денеска во подпелистерско Трново во дворот на црквата Св. Богородица ја одржаа 46 светска Македонска иселеничка средба и 37 погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Голем број граѓани, иселеници и гости се собраа во дворот на црквата. Таму беа и претставници на локалната и централната власта, градоначалникот на Битола, делегација на владата предводена од министерот за земјоделие, пратеници од Собранието на Македонија.

фото: Јовче Талевски

Без коментари