Семејството насилство е проблем што се чува дома в шкаф

0
476

Да се подигне свеста против семејното насилство како грубо кршење на човековото право е основната цел на кампањата „Стави точка на сите форми на насилство врз жени и девојчиња“ во организација на Делегацијата на ЕУ и семејството на Обединетите нации. Како дел од кампањата и дебатите кои се организираат низ државата е и активистката Ана Јовковска. Таа вели дека истражувањата покажале дека постои трансгенерациско пренесување на образецот на насилството во семејството.

-Статистиките кажуваат дека секоја петта жена е жртва на семејно физичко насилство, секоја десетта е жртва на сексуално насилство. Се обидовме низ едукативен пристап до младите, учениците, средношколците и стидентите да правиме дебати и да ги отвориме прашањата за родова еднаквост, изјави Ана Јовковска.ana

Според неа, во Македонија многу малку се зборува за овој проблем.

-Семејството насилство е проблем што се чуВа дома в шкаф, меѓу четири ѕида. Првата причина е срам, втората страв, но и недовербата во процесот на решавање на случајот, вели Јовковска.

Според податоците од граѓанскиот сектор, само 23 проценти од жртвите побарале помош, додека другите одлучиле да премолчат, а нивото на пријавување на родово заснованото насилство во полиција е многу ниско.

Без коментари

LEAVE A REPLY