Семејството Петковски донираше 1000 книги во горната Гимназија

0
2238

Со аманет од татко и, ќерката на поранешниот директор на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола сега покојниот професорот Душко Алексовски, врачи донацијата од 1000 наслови од книги во библиотеката на Гимназијата. Вели дека посебна чест и претставува што веќе трета генерација од нејзината фамилија седнува во школските клупи на Гимназијата и посебно ја импонира како што вели, што седевме во истите клупи од кои што излегле дури 12 академици на МАНУ.

elisaveta

-Чест ми е оваа донација што оди во гимназијата бидејќи татко ми таму учеше а сега трета генерација учат моите ќерки. Тој во душата ја носеше гимназијата каде што за прв пат почна наставата на македонски јазик и голема чест ми е да ја дадам оваа збирка на книги кои што опфаќаат голем период, изјави Елисавета Петковска

Октомври е месецот на книгата тоа е причина плус за нашата донација, велат третата генерација од семејството Петковски. Велат дека им било читано книги уште како малечки не само за да бидат подобри во училиште, туку за да стекнале повеќе знаење од книгите

tatijana

-Учам во гимназијата веќе четврта година сум и месец октомври е месец на книгата па тоа се поклопува со нашата донација, изјави Татијана Петковска

– Чест ми е што библиотеката на гимназијата ја збогативме со уште 1000 наслови, изјави Тијана Петковска

tilija

Досега со донации во училишната библиотека во Гимназијата Јосип Броз Тито се јавиле:семејството на академикот Анте Поповски и писателот Раде Силјан како и бројни ученици кои поминале низ училишните клупи и по завршуавњето подариле дел од својот книжен фонд од домашните библиотеки.Но оваа донација била најголема

-Со оглед на тоа дека ние го знаеме како директор Душко кој беше професор по југословенска литература и македонски јазик неговата личмна библиотека се состои пред се од книги кои што се изучуваа како материјал по македонски јазик и југоловенски автори. Книгите ќе го најдат вистинското место во оваа библиотека, изјави Драган Ристевски, библиотекар.

dragi

Во знак на благодарност за донацијата на семејството Петковски им беше доделена пофалница