Семинарски или плагијати

0
996

Пишувањето на семинарски е задолжително во македонското високо образование. Понекогаш не можете да положите испит ако не сте сработиле семинарска работа, но главно таа носи повеќе поени и повисока оценка по предметот. Таа треба да е лично дело, студентот да го покаже ставот и размислувањето на одредена тема. Но дали, во праксата е така?

Изреката дека знаењето не се купува е од дамна победено во Македонија. Студентите кои на памет не им паѓа да ја загреат столицата секогаш наоѓаат решение без мака да дојдат до целта.А на сето тоа некој гледа начин на заработка.Така бројните ентузијасти смислија начин како да профитираат на основа на мрзливите студенти.

– Кога се работи за семинарски работи веднаш мора да напоменеме дека тоа е горлив проблем. Всушност овој проблем уште повеќе се компликува кога ќе се земе предвид дека не се прави плагијаторство само на семинарски работи туку и на дипломските работи дури и во најлошите случаи и на магистерските и докторските трудови, изјави  доцент Билјана Граматковски

biljana

Професорите ги препознаваат купените или крадените семинарски преку софтверот plagijati.mk кој е задолжителен за сите магистерски, специјалистички и семинарски трудови кои мора да бидат внесени од страна на менторот. Со ова се формира централна база на податоци на овие трудови која може потоа да се користи за откривање на плагијати.Откако ќе се изгенерира извештајот од страна на софтверот, менторот треба да го разгледа тој извештај и да одлучи дали тој труд е плагијат или не.

seminarski-2

-Во овој случај професорите се ставени во една незавидна ситуација па можат да преземат некои спасоносни решенија како што е на пр. намалувањето на бројот на семинарските работи или пак користење на некои други форми со кои што се оценува студентот, како што е дискусијата тркалезната маса или најчесто користење на презентации. – вели доцент Билјана Граматковски

Иаку бизнисот наречен“Изработувам “од ден на ден расте. А бројот на муштериите е секој ден поголем сепак жално е што студентите стануваат инстант магистри и дипломирани лица кои не се стручни во својата област.

Без коментари

LEAVE A REPLY