Сенатот го отфрли ветото на Обама и ги одобри тужбите за Ријад за 11-ти септември

0
220

Американскиот Сенат со големо мнозинство гласови во средата, и покрај ветото од претседателот Бара Оама, го одобри законот според кој семејствата на жртвите во терористичките напади од 11-ти септември 2001 година може да ја тужат Саудиска Арабија, што е прв таков случај од неговото доаѓање на власт во 2008 година.

Законот насловен „Правда против покровителите на тероризмот“ (Justice Against Sponsors of Terrorism Act) беше усвоен во американскиот Конгрес на почетокот од септември, пред 15-годишнината од терористичките напади врз САД од 11-ти септември 2001 година.

Горниот дом на американскиот парламент во кој републиканците имаат мнозинство, речиси едногласно го прифати законот кој сега ќе биде доставен од Претставничкиот дом, каде пратениците се очекува дека без проблеми ќе го прифатат.

Сенаторите со 97 гласови одлучија да го пренебрегнат претседателското вето, а само еден сенатор, Хари Рид, водач на демократското малцинство во Сенатот, гласаше за одлуката на претседателот Барак Обама.

Ова ретко едногласно гласање на двете партии се доживува како шлаканица за претседателот Обама чиешто вето досега никогаш не беше отповикано, и покрај превласта на неговите републикански противници во Конгресот. Откако влезе во Белата куќа, Обама дванаесет пати го користеше правото на вето, забележува AFP.

Изразувајќи го своето „искрено сочувство“ со жртвите и велејќи дека ја разбира нивната „желба за правда“, американскиот претседател Обама вложувајќи го ветото минатиот петок истакна дека тој закон „штетно ќе делува на националната безбедност на САД“.

Белата куќа оцени дека законот ќе го ослаби принципот на имунитет кој ги штити САД и нивните дипломатои од судски прогони и може да се врати како бумеранг и да овозможи прогон на американските државјани ширум светот.

Во соопштението американскиот претседател Барак Обама наведе дека споменатиот закон би можел да доведе до тужби против американски функционери за акции на странски групи кои ја имаат американската помош, добиваат воена опрема или обука, како и дека би ѝ наштетило на соработката со сојузниците во борбата против тероризмот.

Овој закон „нема да ги штити Американците од терористички напади, а нема ниту да ја подобри ефикасноста на нашиот одговор во случај на таквите напади“, истакна Обама во писмото што ум го упати на демократските и републиканските челници во Сенатот, пред гласањето во средата.

И директорот на Централната разузнавачка агенција (CIA), Џон Бренан кој пред неколку месеци престојуваше во Саудиска Арабија да ги стивне острите реакции на Ријад во врска со овој закон“, се изјасни против документот, велејќи дека тој „ќе има сериозни последици за националната безбедност на АД“ и „за владините службеници ои во странство работат за својата земја“.

Меѓутоа, приврзаниците на законот истакнуваат дека жртвите од нападите од 11-ти септември 2001 година мора да добијат правно задоволување. Оценуваат дека администрацијата на претседателот Обама најмногу е против законот од стравот да не го налути Ријад, кој е стратешки партнер на Блискиот исток и еден од сериозните инвеститори.

Петнаесет од деветнаесетте извршители на споменатите терористички напади со четири киднапирани авиони во Њујорк, Вашингтон и еден кој се урна во Пенсилванија во кои загинаа околу три илјади луѓе а за кои одговорноста ја презема џихадистичката терористичка мрежа Ал Каеда, биле Саудијци.

Членовите на семејствата на жртвите на овие терористички напади веќе подолго време сакаат да ја тужат Саудиска Арабија, тврдејќи дека постојат врски меѓу оваа блискоисточна монархија и терористичката организација Ал Каеда којашто ја презема одговорноста за нападите со граната авиони во Њујорк и Вашингтон во кои загинаа околу три илјади луѓе.

Тој закон би им овозможил на семејствата на жртвите во нападите да тужат, особено саудиската влада и да добијат отштети, доколку нивната одговорност биде потврдена. Сегашниот закон овозможува за блиските на жртвите да ги тужат земјите кои Стејт департментот официјално ќе ги прогласи за поддржувачи на тероризмот, како Иран и Сирија…

Сомневањата во вмешаноста во напад никогаш не се потврдени докази, заклучиле истражителите на цензурираните извештаи на Конгресот од 2002 година објавени во јули.

Извештајот беше подготвен од страна на страна на двопартитната конгресната комисија и содржи вкупно повеќе од 800 страници. Кога беше објавен во 2003 година, беше изоставена последната глава, со споменатите 28 страници, која беше класифицирана. Во извештајот се укажува на можната поврзаност меѓу терористите и членови на владата на Саудиска Арабија, меѓутоа, сепак, никакви докази на споменатите 28 страници од извештајот не се приложени.

Дека класифицираното поглавје од извештајот содржат информации за вмешаноста на Ријад во терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон, претходно најави копретседавачот со комисијата, сенаторот Боб Греам. Според него, во извештајот се објаснува кој им помагал на терористите државјани на Саудиска Арабија во извршувањето на нападот од 11-ти септември.

Доверливиот дел од извештајот од 2002 година е клучен во спорот околу тоа дали на државјаните на САД треба да им се овозможи да ја тужат саудиската влада, клучниот американски арапски сојузник на Блискиот исток, поради спомнатите терористички напади.

Американски медиуми пишуваа претходно годинава дека саудискиот министер за надворешни работи Абдел ал-Џубери им порачал на претставниците на американскиот Конгрес дека неговата земја ќе биде принудена да ги продаде сопственостите во САД во износ од 750 милијарди долари во кои спаѓаат и американските државни обврзници, како одговор на изгласувањето на споменатиот закон според кој терористичката мрежа Ал Каеда и терористичките напади од 11-ти септември биле финансирани со пари на Саудиска Арабија./крај/мф/сн