Сенатот во идната недела ќе гласа за Црна Гора во НАТО

0
430

Американскиот Сенат во идната недела ќе гласа за одобрување на обидот на Црна Гора да стане нова членка на НАТО, изјави лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел. Овој потег долго време беше одложуван, но деновиве администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од сенаторите да го забрзаат процесот. Агенцијата Ројтерс објави дека државниот секретар Рекс Тилерсон со писмо им се обратил на лидерите на Сенатот со кое побарал да го одобрат членството на Црна Гора во Алијансата. Сите 28 членки на НАТО мора да го ратификуваат приемот пред да може некоја земја да стане членка на Алијансата.