Сензација на Работнички, кој испиша историја во Трабзон

0
2652

Работнички продолжува со одисејата во Лига Европа откако вечерва по продолженија успеа да го елиминира турскиот гигант Трабзон. Мечот заврши со резултат 1:1 по 120 минути игра, а во регуларниот тек Трабзон водеше со 1:0, резултат со кој загубија во Скопје. Трабзон поведе во 55 минута преку Окај Јашуклу. Во 112 минута Илиевски упати висок центаршут кон Кире Марковски, а голманот на Трабзон лошо излезе на таа топка, играчот на Работнички добро се снајде и со глава стрелаше во празната мрежа постигнувајќи ги конечните 1:1.