Сепак ќе се снима

0
400

Министерство за внатрешни работи подготви правилник со кој се пропишуваат поблиските критериуми, начинот на работа на автошколите, наставниот план и програма за обука, стручниот кадар, опремата со која треба да располагаат, како и евиденциите што треба да ги водат автошколите за оспособување на кандидати за возачи.

И покрај протестите на автошколите МВР во правилникот ја остави обврската во возилата да има камери.

Од страна на автошколата за оспособување на кандидатите за возачи се обезбедува:

1. просторија (училница) од најмалку 20 м2 деловен простор со видео надзор опремена за изведување на теоретска настава;

2. простор уреден за прием на кандидати за возачи и за работа на стручниот раководител на автошколата, деловен простор од најмалку девет м2;

3. наставни средства, помагала и информатичка опрема за спроведување на наставната програма;

4. сообраќаен автодром (полигон);

5.возила за оспособување на кандидати за возачи и

6. стручен кадар.

Освен во просториите, ќе се снима и во возилото иако и за овај предлог имаше противење од страна на автошколите.

Возилата на автошколата за оспособување на кандидати за возачи и за полагање на возачкиот испит покрај задолжителната опрема согласно закон, се опремени и со:

Камера со двострано снимање со сопствен извор на напојување, поставена во внатрешниот дел на возилото на предното ветробранско стакло, освен за возилата од „А1“, „А2“ и „А“ категории и Ф национална категорија каде е поставена во возилото управувано од возачот инструктор кој ја спроведува обуката. Камерата овозможува квалитетен видео запис од кој може да се препознае кандидатот за возач и возачот инструктор, целокупниот процес на спроведената обука по наставниот план и програма од практичен дел со можност за архивирање и документирање на снимените податоци.

Снимениот материјал  се чува во автошколата, согласно прописите за заштита на личните податоци, во период од 90 дена од денот на издавање на потврдата на кандидатот за возач.