Септември месец на вируси кај децата

0
409

Стартот на учебната година го зголеми ризикот за ширење на вирусни инфекции помеѓу децата. Докторите велат, ова е период кога дечињата најмногу заболуваат од вирусни и бактериски инфекции, каде што почести се вирусните инфекции. Причина се промена на температурата но и големата концентрација на деца во една затворена просторија што придонесува полесно да се разменуваат вирусните инфекции

„Симптромите се кашлица, зарипнатост, течење на носот и зголемени лимфни жлезди со коњуктивитис. Клиничката слика е со температура, брзо се појавува и е краток е имунитетот, но меѓутоа и брзо врви за 7 дена.Инкубацијата е од 24 до 48 часа “, изјави д-р. Вангел Тодоров педијатар

Најчеста причина за респираторните инфекции е контактот меѓу децата а за вирусните инфекции е хигиената .Хигиената кај децата мора да биде на високо ниво, а родителите да ги учат своите најмали често да ги мијат рацете, вели Тодоров

„ Тие се пренесуваат преку фекално орален пат, преку, нечисти раце, преку контакт со нечисти деца, и најчесто предизвикуваат повраќање и висока температура“, изјави д-р. Вангел Тодоров

Тодоров со апел до родителите: На своја рака да не се даваат лекарства на детето. Родителите можат да се јават кој матичниот лекар на детето да му ја кажат клиничката слика на лекарот, да применат симптоматска терапија, односно давање на многу течности и ако за 24 часа нема подобрување веднаш да го однесат своето дете на лекар.

„ Родителите треба да се јават на лекар , на своја рака не треба никогаш на детето да му даваат лекарства , затоа што со тоа се занемарува клиничката слика затоа што може да дојде до погрешна дијагноза и после тоа да се искомплицираат работитре“, додаде Тодоров

Oд итната медицинска помош велат дека од почетокот на месец септември до денес имале околу 1100 прегледи од кои 75 биле со стомачни тегоби.