Септември најтопол месец откако се мери температурата во Македонија

0
156

Измерените дневни температури на воздухот во првата половина на септември на некои мерни станици низ земјата го имаат надминато рекордот откога се мери температурата.

Според податоците од УХМР, највисоката дневна температура е регистрирана на 5 септември во Демир Капија, 39,7 степени, потоа во Штип 37,6 степени, додека на 3 септември во Скопје биле измерени 37,5 Целзиусови степени.

Што се однесува за првата декада од септември 2015 година, средните декадни температури на воздухот се над просечните вредности, а до сега најтоплата декада во септември била регистрирана во 1952 година.

Историски гледано, септември бил најтопол во 1952, 1987, 1994 и 2011 година.