Серена ја освои 20-та Грен Слем титула

0
119

Серена Вилијамс ја освои титулата на Ролад Гарос во женска конкуренција. Таа во финалето славеше над Луси Сафарова од Чешка со 2:1 (6:3, 6:7, 6:2). Американката ја освои третата своја титула на Ролан Гарос, вкупно 20-та во кариерата на турнирите од Грен Слем серијата.

Серена која се бореше со настинката одигра финале достојно за една шампионка, иако во средишницата од вториот сет и дозволи на противничата да се врати во мечот. Честитки за прикажаното заслужува и чешката тенисерка која прв пат во кариерата играше во едно Грен Слем финале.

Сафарова на волшебен начин се врати во мечот, откако во вториот сет имаше негатива од 1:4. Сепак таа немаше сили да го зададе завршниот удар, поведе со 2:0 во третиот сет, но до крајот на мечот Серена освои шест гема и ја освои титулата