Сергеј Самсоненко именуван за почесен руски конзул во Битола

0
3583

Владата на Република Македонија даде согласност за именување на Сергеј Самсоненко за почесен конзул на Руската федерација во Република Македонија со седиште во Битола. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука донесена на 2 февруари. Одлуката стапи на сила на 4 февруари со изглегувањето во Службен весник на Македонија.

12650984_10207006246449193_52463583900412005_n

10 февруари е „Денот на руската дипломатија“ кој традиционало се одбележува во Битола.

Пред Рускиот крст цвеќе положија и се поклонија амбасадорот на руската федерација во Македонија Олег Шчербак и почесната конзулка Даринка Крстанова.

Крстанова вели дека се уште не е извршена промената во конзуларното претставништво во Битола.

Исто така со одлука на владата на Македонија дадена е согласност за именување на Велимир Стојковски за почесен конзул на конзулатот на Руската федерација во Охрид.

Без коментари

LEAVE A REPLY