Серија на изненадувања во четвртфиналните мечеви од женскиот Мундијал

0
879

Три драматични дуели понуди четвртфиналната фаза на Светското првенство во ракомет за жени, кое се одржува во Данска. Пласман во полуфиналето изборија Холандија, Полска, Норвешка и Романија.
Четвртфинални хероини се романските ракометарки кои предводени од брлијантната Кристина Неагу славеа над домаќинот Данска, по едно продолжение со 31:30. Романките кои во осминафиналето го елиминираа светскиот првак Бразил, во четвртфиналето направија уште еден подвиг со победата над Данска. Полуфиналните дуели во кои ќе играат Холандија – Полска и Норвешка – Романија на програмата се на 18.декември.

Без коментари

LEAVE A REPLY