Серија нови потреси по земјотресот кој вчера ја стресе и Македонија

0
233

Не престанува да се тресе земјиното тло кај јужниот сосед. По вчерашниот земјотрес од 6,5 степени кој беше почувствуван и во Македонија, денеска нов потрес од 4,7 степени по рихтер, регистриран во 5:18 минути утрово.
Во текот на вчерашниот ден, по силниот потрес од 6,5 степени, регистрирани беа уште три потреси во истото епицентрално подрачје со интензитет од 5,4 до 4,7 степени според Рихтер.
Вчерашниот земјотрес во Грција однесе две жртви а предизвика и материјална штета.