Серија земјотреси во Јанина во Грција, почувствувани и во Битола, Охрид, Струга

0
539

По вчерашниот силен земјотрес од 5,5 степени според Рихтеровата скала, тлото околу грчкиот град Јанина синоќа се тресеше уште неколку пати. Беа регистрирани уште неколку земјотреси со послаб интензитет од околу 4 степени според Рихтеровата скала.

Десетината потреси ги почувствуваа и жителите на Битола, Охид, Струга,  а првиот и најсилен земјотрес во 22,18 часот беше почувствуван и во Скопје.

Вчера во 22,18 часот на грчко-албанската граница на длабочина од 33 километри е регистриран земјотрес сo јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала.