Серискиот убиец од Лос Анџелес осуден на смрт

0
609

Серискиот убиец од Лос Анџелес Лони Дејвид Френклин Џуниор (63) е осуден на смрт, со едноглсна одлука на членовите на судската порота.

Френклин беше обвинет за брутално убиство на девет жени и една 15-годишна девојка.

Сите убиства биле извршени во периодот меѓу 1985 и 2007 годиина.

Според Обвинителството, тој ги следел младите жени, сите афро-американки, а потоа ги убивал со огнено оружје или со давење.

Мртвите тела на несреќните жени, најчесто ги оставал во слабо населени улици, на периферијата од градот, во кој имало малку минувачи.

Во текот на судскиот процес, Френклин беше суден и за еден обид за убиство, на неговата единаесета жртва која, сепак, го преживеала нападот, откако била силувана, застрелана, а потоа исфрлена од автмобил во возење.