Сервисни услуги за лицата со хендикеп во Ресен

0
456

Со цел да им се помогне на лицата со телесен хендикеп преку достава на различни сервиси, во Ресен ангажирани се лица преку Агенцијата за Вработување кои потешко наоѓаат работа на пазарот на трудот, во рамккте на програмата за општокорисна работа. Во овој проект општина Ресен соработува со Здружението „Мобилност“ и преку него се испорачуваат сервисни услуги кон лица со телесен инвалидитет и комбинирани пречки во вид на услуги во и надвор од домот за корисниците, административно правни совети, физиотерапевтски вежби и услуги од психолог.

-Ангажирани се 8 лица, активни баратели на работа од општина Ресен кои досега немаа прилика да работат на својата струка, изјави м-р Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Ресен.

Покрај на директните корисници кои во овој проект се 42 лица со телесен инвалидитет или други пречки од Општина Ресен од резлични возрасни структури, во одреден дел од активностите проектот помага и на самите семејства на овие лица.

-Ова е пример за вклученост и инклузија, општина Ресен е позитивен пример во воспоставување на овие сервиси и се надеваме другите ќе го следат, изјави постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Лујза Винтон.

Општина Ресен по завршувањето на овој шестмесечен период колку што трае проектот да овозможи негова одржливост и понатаму.