Метадон најверојатно причина за смртта на двајцата битолчани

0
668

Момче и девојка се пронајдени мртви во мотел во близина на градот . Нивните тела ги пронашле вработени во мотелот на кои им станало чудно, откако нивните гости неколку дена не излегле од собата. Настанот во битолската полиција е пријавен вчера, а според првичните информации на полицијата, тие пред неколку дена ја изнајмиле собата.

SANJA

Сања Стаматова портпарол на СВР Битола рече дека на 02.11.2015 година околу 16.30 часот во Мотелот „Пржо“, Битола во една соба од страна на вработените биле пронајдени две починати лица. Од страна на Јавен Обвинител и увидна екипа од СВР Битола бил извршен увид и е констатиранодека се работи за лицата И. К. (33) од Битола и И.Ѓ.(27) , исто така, од Битола. Смртта е констатирана од страна на ИМП Битола. Од страна на Јавен обвинител е наредена обдукција на двете тела.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Неофицијално 33-годишникот и неговата 27-годишна пријателк, пред неколку дена дошле во мотелот и земале соба за некокудневен престој. Двете тела биле пронајдени на креветот покрај купатилото, едно до друго без облека и во фаза на распаѓање. Во собата биле пронајдени и документи за лична идентификација. Имено, на 24.10.2015 година И.К. изнајмил соба во мотелот и подолго време не излегувал од неа. Вработените се посомневале и влегле во собата насилно отварајќи ја вратата, затоа што била заклучена од внатрешната страна, со клучот оставен во бравата. 33 годишното момче е пациент на демирхисарската Психијатриска болница. Од полиција информираа доцна попладнево дека дека немало траги на насилство и дека смртта најверојатно настанала од метадон.

Без коментари

LEAVE A REPLY