Сеуште постои табу за дислексијата

0
699


Што е дислексија, кои се симптоми, кога се појавува? Што ако вашето дете има дислексија? Како да постапите. За ова за прв пат во Битола се одржа семинар на кој што зедоа учество наставници, родители, и стручни лица, со цел да се научи што повеќе за дислексијата,

Дислексијата е специфичен вид на потешкотија во читањето. И покрај просечната и натпросечната интелигенција, некои деца кои имаат дислексија имаат проблеми да ги „декодираат“, односно читаат зборовите и да ги асоцираат со одредени звуци и комбинации од букви, изјави Славица Тасевска Николовска, стручно лице за дислексија 

Дислексијата не треба да пречи во образованието на детето. Ако појавата се открие доволно рано и детето добива помош во училиштето од психолог и педагог, тоа ќе може да ги надмине тешкотиите. Со такво дете најдобро е да се обрнува внимание на неговите способности кои се неповрзани со писмените знаци.

-Треба да се зборува за дислексијата во Битола, да се разбие стигмата. Кога кажавме дека ќе организираме семинар за дислексија, луѓето не прашуваа што е тоа, кој ќе биде предавач, и дали дислексијата е болест, и по самите прашања увидовме дека многу малку луѓето знаат за дислексијата, изјави Јасмина Антиќ Атанасовски, директор на Бонбончиња

Од Здружението Ајнштајн за дислексија рекоа дека граѓаните на Битола и сите други присутни покажале огромно ниво на свеснот за сеуште малку познатата состојба дислексија.

д истражувањата во светски рамки генерално процентот на лица со дислексија се движи меѓу 10-15, но треба да се има предвид дека многу зависи од специфичноста на јазикот, дали се чита како што се пишува како во македонскиот или не, изјави Дамјан НИколовски, претседател на Здружение Ајнштајн

Децата кои страдаат oд дислексија, не заостануваат во менталниот развој од своите врсници па дури и во некои случаи ги надминуваат. Но, ако дијагнозата не се постави на време и не се спроведе потребното лекување, детето ќе заостанува во училишните активности и ќе почне да пројавува отстапувања во однесувањето, беше речено на семинарот. Зошто за дислексијата како појава се знае многу малку?

Заклучокот на присутните беше дека со дислексија може сосема нормално да се живее, но сепак општеството, а особено образованието треба да создадат предуслови за овие деца.