Северна Ирска преку Украина до првата ЕУРО победа во историјата

0
367

Во средбата од второто коло од Групата Ц од европскиот фудбалски шампионат, во четвртокот во Лион, репрезентативците на Северна Ирска со 2-0 ја совладаа селекцијата на Украина, со головите што ги постигнаа Гарет МекОли во 49 и Најл МекГин во шестаа минута од судиското продолжување, носејќи го на својата земја историскиот успех на континенталните натпреварувања.

Фаворизираните Украинци во Лион одиграа многу лош меч и беа изненадени од северните Ирци. Украина не одигра ниту приближно како во првиот меч против светскиот првак Германија, кој исто така го загуби со 0-2, но оставија многу подобар впечаток. Украинците по два натпревара се без бодови и со гол разлика 0-4, така што само чудо и теоријата може да ги однесат во следната фаза од турнирот.

Северна Ирска го започна мечот со дури пет измени од тимот кој го започна судирот со Полска, која загуби без нејзините фудбалери да упатат ниту еден шут кон голот на противникот.

Во првиот дел Украинците имаа поголем посед на топката, но беа сосема безопасни, додека северноирците во 34 минута преку Кеткарт ја имаа единствената вистинска шанса во првото полувреме.

Во 49 минута Ирците го постигнаа голот, кој е воопшто нивен прв на Европските првенства и прв по 30 години на некое големо натпреварување. Норвуд од слободен удар откосо го најде МекОли, кој се фрли со глава и неодбранливо ја погоди украинската мрежа. Само минута подоцна Украина на речиси идентичен начин преку Селезнев можеше да возврати, но ирскиот голман МеГоверн беше на место.

Во 58 минута мечот беше прекинат, поради град, но и набрзо беше продолжен. Украинците, преку Коваленко во 71 минута, испуштија можност да изедначат, конечно во шестата минута од судиското продолжение, резервистот МекГин во гол и триумф претвори една одбиена топка.