Северна Кореја ги хакирала телефоните на политичарите од Јужна Кореја

0
324

Jужнокорејската разузнавачка агенција ја обвини Северна Кореја дека им ги хакирала телефоните на повеќе од 10 официјални лица на Јужна Кореја, од кои украла текстуални и гласовни пораки, како и листа на повици.

Во соопштението на Националната безбедносна служба на Јужна Кореја се наведува дека хакирањето е направено кон крајот на февруари и почетокот на март, а притоа не е наведено за кои точно политичари и официјални лица станува збор.

Северна Кореја неуспешно се обидела да го хакира и мејлот на јужнокорејската железница на почетокот на оваа година, во склоп на подготовките за сајбер напад на контролниот систем на оваа железници, пишува во соопштението на Националната безбедносна служба.

Без коментари

LEAVE A REPLY