Северна Кореја ги обвини САД и Јужна Кореја дека планираат да го убијат Ким Јонг Ун

0
539

Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА објави опширен извештај во кој се истакнува дека „одвратна терористичка група“ заговарала со ЦИА и јужнокорејската државна разузнавачка агенција за да „изврши терористички чин врз врховното лидерство“.

Во извештајот пишува дека во плановите за ликвидација на Ким Јонг Ун учествувал и севернокорејски државјанин идентификуван само како „Ким“, кој бил регрутиран од страна на ЦИА додека работел во Русија во 2014 година и кој во подготовката користел „биохемиски супстанци, вклучувајќи радиактивни материи и наноотрови“.

Во извештајот пишува дека заговорот бил „неодамна откриен и спречен“, а дека ЦИА наводно на севернокорејскиот државјанин му испраќала пари и оружје со кое требало да го изврши „државниот тероризам“.