Северна Кореја ги предупреди САД дека ќе развие уште помоќно оружје

0
233

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој ја надгледувал ракетната проба на „балистичката ракета способна за ултрапрецизен напад“, најавил дека неговата земја ќе развие уште помоќно оружје во повеќе фази.

Според севернокорејската државна новинска агенција, таа одлука е донесена согласно „распоредот за одбрана“ од САД.

– Верувам дека ќе биде направен поголем чекор напред, со цел да се испрати поголем подарок пакет за „Јенките“, како одмазда за американската провокација, истакнал Ким Џонг-ун за државната агенција.