Северна Кореја ги ‘застрела’ јужнокорејските звучници

0
261

Северна Кореја стрелала во четвртокот кон јужнокорејските звучници од кои последните денови се емитува пропаганда против Пјонгјанг, пренесуваат јужнокорејските медиуми. 

Според извори во јужнокорејската армија, севернокорејските војници околу 16 часот по локално време отвориле оган на западниот дел од границата. Медиумите не наведуваат за кој вид оружје станува збор, а јужнокорејското министерство за одбрана објави дека се проверуваат таквите информации.

Јужна Кореја неодамна по повеќе од десет години повторно ги постави звучниците за пропаганда на границата, по експлозии на противпешадиски нагазни мини во пограничната област за што го обвинува Пјонгјанг, и во кои на 4-ти август тешко беа повредени двајца јужнокорејски војници кои останаа инвалиди. Сеул од тие звучници емитува пораки во кои ја осудува оваа наводна севернокорејска провокација.

Пјонгјанг минатиот петок негираше дека има некаква врска со тие експлозии, и побара Сеул да ја прекине својата пропагандна војна а штотуку започнатата заедничка американско-јужнокорејска воена вежба ја нарече „објавување војна“, и се закани дека ќе изведе воздушни удари./крај/мф/сн