Северна Кореја има доволно плутониум за десет нуклеарни бомби

0
445

Северна Кореја има доволно плутониум за производство на десет нуклеарни бомби, оцени денес Сеул, десет дена откако Пјонгјанг предупреди дека ќе изврши тестирање со интерконтинентална ракета.

Голем број експерти сметаат дека Северна Кореја, која во 2016 спроведе две нуклеарни тестирања и неколку десетици ракетни лансирања, во 2017 ќе ги удвои напорите за да ја оствари својата цел за испраќање нуклеарна бомба на американската континентална територија.Експертите имаат различни мислења за нивото на развојот на севернокорејската нуклеарна програма, но се сложуваат дека Пјонгјанг остварил голем напредок од доаѓањето на власт на Ким Јонг Ун по смртта на неговиот татко Ким Јонг Ил во декември 2011.

Јужнокорејското министерство за одбрана денес објави дека Северна Кореја на крајот на 2016 поседувала најверојатно 50 килограми плутониум кој може да се користи за бомби, количество доволно за изработка на 10 нуклеарни боеви глави. Пред осум години Пјонгјанг располагал со 40 килограми.

В двегодишниот извештај јужнокорејското министерство оценува дека Пјонгјанг има „значителен капацитет“ на производство на оружје со користење збогатен ураниум.

Без коментари

LEAVE A REPLY