Северна Кореја испали проектили во море неколку часа по гласањето во ОН

0
391

Северна Кореја истрела шест проектили со краток опсег кон морето, соопшти на Министерството за одбрана на Јужна Кореја, неколку часа откако Обединетите нации (ОН) воведоа построги санкции, пренесуваат светските агенции.

Портпарол на Јужна Кореја за новинската агенција Јонхап изјави дека проектили биле пуштени во 10:00 по локално време (01:00 GMT) од Вонсан на источниот брег.

Тие беа или ракети и наведувани проектили, соопшти министерството.

Дописниците велат дека тоа се смета за чин на пркос против санкциите.

Неколку часа претходно, Советот за безбедност на ОН едногласно гласаше да се наметнат досега најостри санкции против Северна Кореја. Новите мерки се реакција на неодамнешниот нуклеарен тест и лансирање на сателит. Со овие два акта, Северна Кореја ги прекрши постоечките санкции.