Северна Кореја испали три ракети во Јапонското море

0
637

Американската војска соопшти дека Северна Кореја испалила три балистички ракети со краток дострел од покраината Гвангвон, кои летале 250 километри и паднале во Јапонското море, пренесе БибиСи. По испалувањето на балистичките ракети минатиот месец, Пјонгјанг се закани дека ќе ги насочи своите проектили кон американскиот остров Гуам, но најновиот нуклеарен тест не е закана ниту за САД ниту за тој остров, соопшти американската војска.