Северна Кореја истрела балистичка ракета во близина на јапонските води

0
262

Северна Кореа лансира балистичка ракета која паднала во близина на јапонските води за прв пат во нејзините кршења на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Јапонија соопшти дека главниот дел на ракетата паднал во јапонската економска зона. Премиерот Шинзо Абе оцени дека овој потег претставува „сериозна закана“ за Јапонија.
Властите на Јужна Кореа соопштија дека со овој акт Северна Кореа ја покажала нејзината намера директно да ги напаѓа соседните земји. Соединетите држави соопштија дека биле детектирани две ракети од кои едната експлодирала веднаш по истрелувањето.
Пјонгјанг се закани дека „физички ќе одговори“ на планираното распоредување на американскиот антиракетен систем во Јужна Кореа.