Северна Кореја истрела уште една балистичка ракета

0
220

Северна Кореја истрелала денес балистичка ракета од подморница, соопшти јужнокорејската воена команда, цитирана од светските агенции. Тоа се случило во регионот на пристаниште Синпо околу 11:30 часот по локално време (02:30 по Гринич, 04:30 часот по македонско време).

Според Сеул сепак обидот бил неуспешен. Севернокорејската балистичка ракета, истрелана од подморница, падна во морето во раната фаза на летот, изјави јужнокорејскиот Генералштаб, цитиран од агенциите.