Северна Кореја изврши неуспешен ракетен тест

0
287

Американската армија соопшти дека Северна Кореја извршила неуспешен тест за лансирање балистичка ракета со среден домет. Ракетата, според наводите, експлодирала веднаш по полетувањето. Проектилот Мусудан има домет од 4.000 километри, што е доволно да ги погоди Јужна Кореја, Јапонија и американската територија Гуам.

„Најостро го осудуваме овој и неколкуте други тестирања на проектили од страна на Северна Кореја со кои се кршат резолуциите на Советот за безбедност на ОН кои експлицитно забрануваат Северна Кореја да користи балистичка ракетна технологија“, изјави портпаролот на Пентагон Гери Рос.