Северна Кореја лансираше нов проектил, Пентагон соопшти дека не е закана за САД

0
528

Северна Кореја  лансираше нова интерконтинентална ракета (ИЦБМ), која прелетала околу 1.000 километри пред да падне во јапонскиот ексклузивен економски појас, соопшти вечерва Пентагон.

Портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис изјави дека ракета била лансирана од локацијата Мупјонг ни, фабрика за оружје на северот на Северна Кореја, и дека паднала на 167 километри од јапонскиот остров Хокаидо.

„Проценуваме дека станува збор за интерконтинентална балистичка ракета, а ова лансирање беше очекувано“, кажа Дејвис.

Тој истакна дека лансирањето не претставувало опасност за Соединетите Држави и дека се прават понатамошни анализи.

„Нашата предаденост на нашите сојузници, вклучувајќи ги Република Кореја и Јапонија, пред овие закани останува цврста. Спремни се да се браниме самите и нашите сојузници од какви било напади или провокации“, изјави Дејвис.

Руското министерство за одбрана, пак, соопшти денес дека проектилот лансира од Северна Кореја бил балистички но со среден дострел (ИРБМ), повикувајќи се на информациите добиени од системот за предупредување од проектили. Ова е спротивно на проценките на Пентагон и јужнокорејската војска, кои соопштија дека станувало збор за интерконтинентален проектил.

Без коментари